Првите кредити до средината на август

Bez autora
Jul 22 2012

Новите кредитни линии во вкупна вредност од околу 110 милиони евра преку Македонската банка за обнова за развој - МБПР, кои се достапни од неодамна ќе можат да ги користат и микро претпријатијата. Со измени на условите за доделување на кредитите, овие пари кои беа наменети за мали, средни и делумно за големи компании, ќе можат да ги добиваат и фирмите со по неколку вработени. Се работи за две кредитни линии, кои се дел од најновите владини антикризни мерки. Едната е заем од Европската инвестициона банка во износ од 100 милиони евра, кои ќе се повлекуваат во неколку транши, а за нив се аплицира во девет деловни банки. Втората кредитна линија од 10,7 милиони евра ја обезбеди Владата со докапитализација на МБПР. Овие кредити се наменети за претпријатија кои откупуваат, преработуваат и извезуваат земјоделски производи и се добива директно преку МБПР со ниска камата.

Првите кредити до средината на августНовите кредитни линии во вкупна вредност од околу 110 милиони евра преку Македонската банка за обнова за развој - МБПР, кои се достапни од неодамна ќе можат да ги користат и микро претпријатијата.

Со измени на условите за доделување на кредитите, овие пари кои беа наменети за мали, средни и делумно за големи компании, ќе можат да ги добиваат и фирмите со по неколку вработени.

Се работи за две кредитни линии, кои се дел од најновите владини антикризни мерки. Едната е заем од Европската инвестициона банка во износ од 100 милиони евра, кои ќе се повлекуваат во неколку транши, а за нив се аплицира во девет деловни банки.

Втората кредитна линија од 10,7 милиони евра ја обезбеди Владата со докапитализација на МБПР. Овие кредити се наменети за претпријатија кои откупуваат, преработуваат и извезуваат земјоделски производи и се добива директно преку МБПР со ниска камата.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека компаниите се многу заинтересирани за овие кредити и според информациите од неколку деловни банки, засега имаа интерес за кредити во износ од по 10 милиони евра.

- Банките се уште се во фаза на разгледување на поднесените барања и се очекува првите кредити да бидат одобрени на средината на август - рече Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik